Skip to main content
Хроника

Наставник пријавен за физички напад врз ученик во основно училиште во Скопје

20/10/2026  16:54

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 49-годишниот А.А. од Скопје пријавил во СВР Скопје дека на 16 октомври 2026 година неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.А., наставник во училиштето.

Од МВР засега не соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои наводно се случил нападот, ниту дали ученикот се здобил со повреди.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.