Skip to main content
Хроника

Тешка сообраќајка во Скопје: 21-годишна девојка се превртела со автомобил, повредена и сопатничката

20/10/2026  16:58

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека 21-годишната М.Х. од Скопје, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“, изгубила контрола над автомобилот, по што возилото се превртело.

Во несреќата возачката се здобила со тешки телесни повреди, додека нејзината 19-годишна сопатничка Е.А., исто така од Скопје, се здобила со телесни повреди.

Повредите им биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Скопје.