
Дваесет и двегодишна девојка пријавила во полиција дека била следена и недозволено допирана од едно лице на подрачјето на скопската општина Карпош.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 19 октомври во 22:20 часот во СВР Скопје.
Девојката пријавила дека инцидентот се случил на 18 октомври, околу 00:30 часот, кога едно лице најпрво ја следело, а потоа ја допирало по телото.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

