Атила Реџепи е новиот генерален секретар на ДУИ одлучија Централното собрание и Советот на ДУИ вечерва на седница.
На седницата беше решено Артан Груби да го замени Хазби Лика на местото организационен секретар.
Лика, кој е министерот за спроведување на Рамковниот договор, за кого во изминатиов период се шпекулираше дека ќе биде сменет од функцијата бидејќи не доаѓа на работа, не се појави на седницата, иако е член на партиското раководство.
Со тоа само ги подгреа уште повеќе гласините дека не е во добри односи со партискиот врв.