Србите во Косовска Митровица протестираа против таксите

Во Косовска Митровица голем број граѓани излегоа на протести против таксите што ги воведе косовската влада. Протестите се случуваа пред зградата на судот во Косовска Митровица, во организација на кризниот штаб на четирите северни општини.

Порталот „Коссев“ јави дека протестите започнале со присуство на голем број граѓани.

На дел од транспарентите пишува „100 проценти царина стоп (Србин)“, „100 проценти царина стоп (леб)“, „100 посто такса, 0 проценти леб“, „Сакаме мир, а не војна“, „ЕУ open your eyes“, а во позадината се слуша патриотска музика.

Протестот е организиран два часа по одржувањето на вонредната седница на општините во кои доминира српското население, каде четворицата градоначалници на Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток поднесоа оставки, а голем број одборници потпишаа Декларација за прекин на комуникацијата и соработката со институциите во Приштина.

Од денеска не работат ни вработените во Основниот суд во Митровица, во знак на солидарност поради високите царински давачки.

Треба да знаете
Последни објави