Димитров и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО разговараа за заокружувањето на пристапниот процес

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска го прими новоименуваниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во земјава, полковникот Зоран Јанковиќ.

Како што информираат од МНР, Димитров на средбата изразил задоволство од конструктивната улога и поддршката на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, која, како што рекол, преку својата советодавна улога значително учествува во подготовките на земјата за членство во НАТО.

Соговорниците заеднички ја констатирале успешната соработка, подвлекувајќи ја важноста за зајакната комуникација во периодот што претстои а кој, како што се согласиле, е особено важен за Република Македонија бидејќи очекува успешно заокружување на пристапниот процес и членство во Алијансата.

Министерот Димитров информирал за преземените чекори и активности од пристапниот процес, потенцирајќи го очекувањето наскоро Република Македонија да стане полноправна земја членка на Алијансата.

Треба да знаете
Последни објави