
На 28.09.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 27.09.2026 во 19:45 часот на крстосницата од ул.„Христо Татарчев” и ул.„Франк Харкорт Манинг” во Скопје, 70-годишната М.Г. од Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет” со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски” во Скопје.

