
Во Собранието денеска втор ден ќе се одржува Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На конференцијата ќе се обрати Диана Жупаноска, национална офицерка за владеење на правото и човекови права во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а инспиративна сторија од страна ќе презентира Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет на Северна Македонија.
На тема „Оперативни стандарди за идентификување и истражување на родово поврзани убиства“ ќе говорат Џема Николас, одбор на директори на Унитарната платформа против родово насилство, Шпанија, Иванка Марковиќ, судијка на Уставен суд на Република Српска и редовна професорка по кривично право и кривично процесно право, Универзитет во Бања Лука, Босна и Херцеговина и Сања Станковиќ, виша советничка при Комесаријатот за заштита на еднаквоста од Србија.
На сесијата насловена „Оперативни стандарди за собирање податоци за фемицид“ ќе говорат Дубравка Шимоновиќ, поранешна специјална известувачка на ОН за насилство врз жени и девојчиња, Брунилда Дервишај, помошник-комесарка на Генералниот оддел и тематски експерт за фемицид – Опсерваторија за фемицид во Албанија, Аделина Бериша, програмска директорка за справување со родово базирано насилство, Косовска мрежа на жени, Приштина, и Билјана Настовска, надворешна соработничка на Мисијата на ОБСЕ во Косово.
Заклучоциците, препораките и следните чекори ќе ги презентираат Диана Жупаноска, национална офицерка за владеење на правото и човекови права во Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Елмаја Бавчиќ, советничка за родова еднаквост при Секретаријат на ОБСЕ.

Регионалната конференција ќе биде затворена од Сузан Пенкса, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
