
Центарот за управување со кризи информира дека до 18 часот регистрирани се вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден пожар е под контрола, додека три пожари се изгаснати.

-Активен е пожарот во Општина Желино: кај Карпалак, на патот Скопје-Тетово (ѓубре). Под контрола е пожарот во Општина Гази Баба на планината Скопска Црна Гора, над с. Арачиново (дел од ниска деградирана шума) – информираат од ЦУК.

Изгаснати се три пожари – во Општина Прилеп: позади Индустриското училиште – Прилеп (сува трева); Општина Гази Баба: бул. „Александар Македонски“ (ѓубре); Општина Карпош: ул. „Скупи“ б.б. (ѓубре).

