
Надворешната канцеларија за криминалистчки работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(67) и Д.С.(42), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „измама” по член 247 од Кривичниот законик. На 06.08.2026 во Струга, пријавените довеле во заблуда 88-годишник и му одзеле 300.000 денари.


Тие побарале од него да им донесе денари за да ги види сопругата на едниот од нив, која била од странска земја, а за возврат ќе го награделе. Тој ги донел парите и им ги дал, а тие како гаранција му дале чанта за која му кажале дека има околу 10.000 евра внатре. Пријавените заминале, а откако не се вратиле за половина час и оштетениот си заминал дома и кога ја отворил чантата видел дека нема пари во неа и сфатил дека е измамен.
