Skip to main content
Македонија

Хоџа: Новиот систем за рано откривање на пожари на депониите ќе го спречи нивното проширување  

26/09/2026  16:30

Министерoт за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и Владимир Буревски во име на компанијата Moдирум Платформс од Скопје потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на раното откривање пожари и заштитата на животната средина.

Со потпишаниот меморандум се воспоставува рамка за реализација на пилот-систем за видео мониторинг на депонии преку современи камери, интелигентна видеоаналитика и вештачка интелигенција ќе овозможи навремено откривање на чад, пожар и други ризици.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе обезбедува 24-часовен мониторинг и ќе ги известува надлежните институции при идентификување на ризик, со што се овозможува побрзо реагирање и подобра координација.

Moдирум Платформс која со својата технологија и експертиза придонесува кон иницијативи за заштита на животната средина, превенција на ризици и унапредување на јавната безбедност,  ќе обезбеди опрема за системот на привремено користење во период од една година, како дел од својата поддршка за иницијативи од јавен интерес.