
Руските сили го нападнаа Запорожје синоќа, предизвикувајќи пожари и разурнувања, изјави Иван Федоров, копретседател на Советот за одбрана на Запорожје.
Тој рече дека две жени загинале кога дрон погодил приватна куќа во еден од градските квартови, која била целосно уништена.

Во куќата имало четири лица, вклучувајќи и едно дете. Повредени се четиригодишно момче и 45-годишен маж.

