Skip to main content
Хроника

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна

22/09/2026  13:17

На 21.09.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Д.(45) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

М.Д.  бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.