Skip to main content
Хроника

Камион и автомобил се судриле во Охрид, едно лице тешко повредено

22/09/2026  12:24

На 21.09.2026 во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот .„Туристичка” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.В.(45) од Охрид и товарно возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(46) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди” А.В., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” Охрид. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.