Skip to main content
Спорт

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата

21/09/2026  21:40

Кинеското чудо од дете, 13-годишната Ју Зиди исплива денеска второ најбрзо време во историјата на 200 метри мешано, освојувајќи го златниот медал на Азиските игри во Токио.

Младата кинеска пливачка триумфираше со време од 2:06,10 минути, што е само 40 стотинки поспоро од светскиот рекорд на Канаѓанката Самер Мекинтош (2:05,70).

Зиди претходно освои злато во дисциплината 200 метри градно, а на Азиските игри ќе настапи и во дисциплината 400 метри мешано.

„Не сакам да бидам премногу самоуверена. Само ќе продолжам да работам напорно“, изјави Зиди по триумфот во олимпискиот базен во јапонската престолнина.

Минатата година, Зиди беше четвртопласирана во сите три дисциплини на Светското првенство во Сингапур, додека ја освои бронзата со кинеската штафета.