Skip to main content
Скопје

КХС за една недела отстранила 650 кубни метри кабаст и градежен отпад

21/09/2026  11:04

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 650 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно 170 кубни метри отпад од диви депонии.

Воедно, беа подигнати и транспортирани 2700 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано реализира активности за одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се одвива во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење и на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија.