Skip to main content
Македонија

Средба Шасивари – Бочек

16/09/2026  15:48

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа , Томаш Бочек, на која беа разгледани активностите за реализација на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија”.

Проектот, кој се реализира со заем од ЦЕБ во износ од 46 милиони евра, има за цел унапредување на условите во казнено-поправните установи и обезбедување на современи услови за сместување, здравствена заштита, хигиена, работни и слободни активности на осудените и притворените лица, во согласност со европските стандарди.

Активностите во текот на 2026 година продолжуваат согласно предвидената динамика. Во јули 2026 година е склучен и договор за стручен надзор над изградбата, додека постапката за избор на изведувач за изградбата на предвидените објекти е во тек.

Министерството за правда останува посветено на унапредување на системот за извршување на санкциите и создавање современи и европски услови во казнено-поправните установи.