
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило” по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(55) од с.Сарај, скопско, М.С.(29) од с.Петровец, скопско, И.М.(51) од с.Ранковце, Е.Е.(19) од с. Десово, прилепско и 17-годишник од с.Бузалково, велешко, кој со мотоциклот кој го управувал удрил во тригодишно дете.
Две лица управувале возило со активна забрана за управување на Б категорија и тоа: Д.Б.(37) од Куманово и Б.С.(54) од Богданци, кој покрај забраната, го управувал возилото и под дејство на алкохол.
Од слобода бил лишен и Ј.А. (56) од с.Дулица, општина Македонска Каменица, бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


