Skip to main content
Македонија

СДСМ: Лефков – „стручњак” за информатички технологии, сајбер безбедност и изградба на дата-центри

31/08/2026  15:37

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

Миле Лефков држи предавања од областа на информатичките технологии. 

Смешно. Веќе не е ни за приказна.

Смешно е што прави криминалната група ВМРО. Смешно е сè – само да не е на грбот на народот и на трошок на граѓаните на Македонија.

Ова е само обид за манипулирање со фактите. 

Каква врска имаат националните дата-центри со центрите што Мицкоски ги гради?

Зошто ги буните граѓаните? Мислите дека сите се наивни?

Немате повеќе каде. На сите им е јасно. Договори под радарот за сè.

Јасно е дека Мицкоски сè договорил под маса. За „некој” инвеститор. Не знаеме име, не сака да ни каже – но знаеме кој ги дава сите ресурси: струја, вода, земја. Тоа го даваат граѓаните на Македонија.

Профитот од дата-центарот не оди во државната празна каса (сè е потрошено на криминални тендери), не оди кај граѓаните. Нема работни места во дата-центарот. На сите им е јасно кај кого ќе оди профитот.

Лефков може да држи предавања колку што сака. Фактите остануваат исти: едно е национален дата-центар за државни институции, сосема друго е дата-центар за неименуван инвеститор од Мицкоски, што ќе ги троши ресурсите на граѓаните.

Доста е од манипулации. Доста е од лаги.