Skip to main content
Македонија

Бугарија врати над 11,5 тони македонски пиперки поради пестицид

17/08/2026  10:46

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената граница.

Пратката пристигнала преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговец во Петрич. Пиперките биле задржани и ставени под забрана за продажба додека се чекале резултатите од анализите.

Откако било потврдено дека нивото на пестицидот е над дозволеното, бугарската Агенција за безбедност на храната наредила целото количество да биде вратено во земјата на потекло.

Пиперките не биле пуштени во продажба во Бугарија