
Десет лица загинаа откако туристички автобус се преврте во планински регион на Рио де Жанеиро, Бразил, соопшти Федералната сообраќајна полиција.
Несреќата се случила околу 4:30 часот наутро по локално време, додека возилото се спуштало по планина кон Рио де Жанеиро, јавува порталот „Гаучаж“.
Автобусот, сопственост на компанијата „Estrela Guia Turismo“, сообраќал од Бело Хоризонте до Копакабана, во јужната зона на Рио де Жанеиро.
Според пожарникарите, двајца повредени лица се во тешка состојба, а 12 други се здобиле со полесни повреди
