
Најмалку шест лица се убиени во напад на украинските сили врз регионот Белгород, изјави вршителот на должноста гувернер Александар Шуваев.
„Шест цивили се убиени, а четворица се повредени, вклучувајќи и едно дете“, напиша Шувајев во објава на платформата Max , објави Тас.
Порано овој месец, на 9 август, шест лица беа убиени и во напад на украинските сили врз градот Белгород.
Во масовен напад со беспилотни летала, 15 лица беа повредени, а голем број згради и куќи беа оштетени.

