Skip to main content
Македонија

Од Стража до Гостивар вечерва се патува и до час и половина

16/08/2026  22:45

Нови нервози вечерва за викендашите кои се враќаат од Охрид кон Скопје. На патниот правец од Стража кон Гостивар се создадени огромни колони возила, а сообраќајот се одвива бавно.

Според информации од возачи кои во моментов се на овој патен правец, за делницата од Стража до Гостивар се потребни од еден час до час и половина, зависно од интензитетот на сообраќајот.

На повеќе места возилата се движат во долги колони, а повремено има и значително забавување на сообраќајот.

Големиот број возила се должи на враќањето на граѓаните по продолжениот празничен викенд, особено од Охрид и другите туристички места во западниот дел од земјата.

На возачите им се препорачува трпение и внимателно возење, особено на планинските делници и на местата каде што се формирани подолги колони.