
Папата Лав Четиринаесетти повика на прекин на актите на насилство врз палестинските цивили на Западниот Брег, јави ДПА.
„Го обновувам мојот апел за прекин на насилствата врз палестинското цивилно население на Западниот Брег“, рече папата. Тој го упати апелот од својата летна резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим.
Папата ја повика меѓународната заедница итно да поддржи решение за две држави „за праведен и траен мир – сценарио во кое Израел и независна палестинска држава би коегзистирале мирно“.
Насилството од страна на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег се зголеми во последните години, јави ДПА.
