Skip to main content
Македонија

Пожар над селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција

16/08/2026  19:40

Центарот за управување со кризи информира за нов пожар над селото Вржале во околината на Скопје. Поради непристапниот терен утре наутро планирана е и воздушна интервенција, а екипи ќе останат на терен во текот на ноќта.

– Поради непристапниот терен, кој не овозможува целосна локализација на пожарот со интервенција од земја, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе се реализира во зависност од временските услови и состојбата на терен. Екипите ќе останат на терен и ќе ја следат состојбата во текот на целата ноќ, со цел секоја промена да биде навремено детектирана и да се реагира брзо и координирано, информира директорот на ЦУК Мухамед Али, кој е на терен заедно со заменик-командантот на Противпожарната Бригада на Град Скопје, Ерол Алиу.