
Соопштение на ВЛЕН:
ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ.
Затоа, најпрво фактите:
Инвестициите во акции се правени во повеќе наврати во изминатите години, а вкупната пријавена вредност на неговото портфолио изнесува околу 30.000 евра.
Фактот дека Недим Рама лично, во официјален и јавен документ до кој има пристап секој граѓанин, согласно со законот ги пријавил сите свои финансиски и нефинансиски активности, претставува директен демант на инсинуациите на ДУИ.
Тргувањето со акции во „Мерцедес” или во други компании, како што се „Ново Нордиск” и „СОФИ Технолоџис”, претставува целосно законска активност, дозволена согласно со важечките прописи во земјата. Особено кога станува збор за тргување со мал број акции. Дополнително, од тргувањето со акции е остварена капитална добивка, која е транспарентно пријавена и за која е платен данок на државата.
Голема манипулација е јавно пријавен имот да се претставува како „откриен” или како скриен капитал.
ДУИ не приложи ниту еден доказ дека за акциите е употребен еден денар од НОМАГАС, од државниот буџет, од јавен тендер или од незаконски извор, затоа што и самите знаат дека тоа не е вистина. Презентираа само податоци што Недим Рама самиот ги доставил до ДКСК, јавно и транспарентно.
ВЛЕН нема никаков проблем со проверка од која било надлежна институција. Секоја инвестиција, уплата и трансакција може да биде проверена. Впрочем, токму затоа и се јавно пријавени во ДКСК.
Ова се фактите. А кога ДУИ веќе сака да глуми финансиски истражител, нека одговори:
Од каде се стотиците милиони евра во имоти и бизниси со кои се поврзува фамилијата на Али Ахмети само на територијата на Скопје?
Како бизнисот на братот на Бујар Османи напредуваше додека Османи извршуваше некои од највисоките државни функции и што се случи со тој бизнис?
Кои државни и институционални врски ги отворија вратите за бизнисите и ангажманите на братот на Арбер Адеми?
Како токму семејствата од врвот на ДУИ, по повеќе од две децении власт, станаа сопственици на компании, деловни центри, недвижности, концесии и милионски бизниси?
Тоа се прашањата од кои ДУИ бега. Тоа се милионите за кои ДУИ никогаш не сака да одговори.
Наместо одговори, партијата под чија власт израснаа семејни бизнис-империи денес се обидува да произведе „афера” од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил пред институциите и што се јавно објавени на интернет-страницата на ДКСК.
Ова е панично бегање од сопствените милиони.
Недим Рама го пријавил својот имот. ДУИ се крие зад соопштенија составени од прашалници.
Афера е и ќе остане прашањето за стотиците милиони евра за кои ДУИ молчи и кои ги крие зад имињата на децата и браќата на своите највисоки функционери.

