Skip to main content
Хроника

Претрес во валандовско, пронајдена ловечка пушка, приведено едно лице

12/08/2026  10:31

На 11.08.2026 во 18:45 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода И.Л.(37) од истото село.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „Берета“ калибар 12 мм, која ја поседувал без дозвола.

За настанот е известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.