
На 10.08.2026 во 04:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.П.(39) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 32-годишна невенчана сопруга.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека А.П. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

