
Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците:
Алијансата за Албанците изразува длабока загриженост во врска со владиниот спот објавен по повод 35-годишнината од независноста на државата, во кој Албанците се речиси целосно исклучени, додека албанскиот јазик целосно отсуствува.
Неприфатливо е еден официјален материјал, финансиран и од даноците на албанските граѓани, да биде изграден врз едноетнички наратив, создавајќи впечаток дека оваа држава му припаѓа само на една заедница.
Албанците биле нераскинлив дел од најважните политички и општествени процеси во земјата, од периодот на осамостојувањето, преку изградбата на демократските институции, интеграцијата во НАТО, па сè до патот кон Европската Унија. Нивниот придонес во политичкиот, економскиот, образовниот, културниот и општествениот живот е неспорен и не може да биде занемарен или избришан од официјалниот наратив на државата.
Алијансата за Албанците бара од Владата да го повлече овој спот и да објави нов, достоинствен, репрезентативен и инклузивен материјал, во кој ќе се почитува албанскиот јазик и на достоинствен начин ќе биде прикажан придонесот на Албанците во историјата, изградбата и сегашноста на оваа држава.
Истовремено, изразуваме жалење поради молкот на албанските претставници во Владата, кои дури и кога директно се засегнати достоинството, идентитетот и застапеноста на Албанците, избираат да молчат.
Државата им припаѓа на сите нејзини граѓани и државната симболика треба да го потврдува тоа.

