Skip to main content
Македонија

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

10/08/2026  08:29

Соопштение за јавност на СДСМ:

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме.

Срамно и понижувачки.

Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба.

Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно.

Го погрешија македонското знаме.

Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат.

За тендери  и провизии од милионски бизниси – тие се експерти. 

За македонско знаме – аматери.

Неспособни се македонското државно знаме да го направат како треба.

Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже:

Која компанија била ангажирана?

Кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет?

Колку пари се потрошени?

Кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол?