
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека посредниците и натаму „се обидуваат да најдат начини за повторно рестартирање на преговорите“ со САД, но дека во моментов нема можност за нивно продолжување.
– Додека не се прекинат прекршувањата на меморандумот за разбирање од страна на САД и додека САД не го надоместат она што го прекршиле, според наше мислење, нема можност за продолжување на преговорите, рече Аракчи на настан во иранскиот Центар за политички и меѓународни студии при Министерството за надворешни работи, пренесува иранска новинска агенција.
Тој додаде дека Иран преговара со Оман и дека овие преговори „се однесуваат на одредување на нова морска рута во Ормуската теснина“.



