Skip to main content
Свет

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

09/08/2026  09:57

Еден од реакторите во нуклеарниот комплекс Ои во централна Јапонија се исклучи синоќа откако се активираше аларм што укажува на проблем со генераторот, соопшти операторот на комплексот.

Реакторот број 3 на нуклеарната централа во префектурата Фукуи е исклучен околу полноќ, објави Електроенергетската компанија Кансаи.

„Не е откриено радиоактивно истекување во нуклеарната централа“, додаде компанијата.