Skip to main content
Свет

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе

09/08/2026  09:40

Вонредна состојба е прогласена на територијата на Британска Колумбија поради шумски пожари, поради што на речиси 22.000 луѓе им е наредено да се евакуираат, соопштија денеска официјалните претставници на најзападната канадска покраина.

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби изјави дека на сите 12.000 жители на округот Самерленд им е наредено да ги напуштат своите домови синоќа, бидејќи шумскиот пожар во Болд Рејнџу брзо се проширил во заедницата, пренесува националната радиотелевизија на Канада.

Еби рече дека во таа покраина има десетици шумски пожари кои се под контрола, од кои најопасен е пожарот во Болд Рејнџу, за кој се проценува дека претставува опасност за животот и безбедноста на луѓето.