
На 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница.
Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено.
На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
