Skip to main content
Балкан

Патнички и товарен воз се судрија кај Бјеловар во Хрватска, неколку лица се повредени

08/08/2026  11:37

Неколку лица се повредени во судир меѓу патнички воз и товарен воз во близина на Бјеловар, Хрватска, во сабота наутро. Железничкиот сообраќај на таа делница е привремено прекинат.

Несреќата се случила околу 10:05 часот наутро на пругата помеѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец.

Според првичните информации, се судриле товарен воз од ХЖ Карго и патнички воз од ХЖ Путнички превоз , пренесува Јутарњи лист.

Во несреќата се повредени неколку лица, но засега нема детални информации за сериозноста на нивните повреди.

Никој не загина. Во патничкиот воз имало околу дваесет патници.

Полицијата и брзата помош се на местото на несреќата. Пругата е затворена за сообраќај. Според неофицијални информации, товарниот воз поминал на црвено светло.