Skip to main content
Македонија

Регистрирани осум пожари на отворено – пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола

06/08/2026  13:42

Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13:00 часот, од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај селото Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки и во Општина Гостивар кај селото Падалиште каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Под контрола е ставен пожарот во Општина Делчево кај Депонија Делчево, каде гореше депонија.

Како што информира ЦУК, изгаснати се пет пожари во Општина Струга кај с. Долна Белица каде гореше дива депонија, во Општина Босилово кај с. Моноспитово – гореше ниска вегетација, во Општина Валандово кај с. Севенендекли – гореше мешана шума, во Општина Гевгелија помеѓу селата Селемли и Стојаково – дива депонија и во Општина Гази Баба покрај пругата во Маџари, каде гореше ниска вегетација.