Skip to main content
Економија

Две нови комори станаа членки на ССКМ

06/08/2026  12:30

Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори.
Со новите членки ЕнергоКом – Стопанска комора на компании од енергетиката и
Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го
заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација.

ССКМ денес обединува вкупно десет комори и три групации, а последното
окрупнување претставува значаен чекор во понатамошното јакнење на
најголемата деловна мрежа во државата и проширување на секторите што
добиваат организирано коморско застапување за поефикасно застапување на
интересите на компаниите. Организациското прегрупирање и новиот начин на
управување доаг а по редовното Годишно собрание, одржано кон крајот на јуни
годинава во Скопје.

„Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува да расте и да ја
зајакнува својата мрежа. Визијата за посилен, поконкурентен и подобро
организиран коморски систем век е добива конкретна потврда преку
проширувањето на семејството на Сојузот. Со приклучувањето на двете нови
комори се заокружува процесот, а новата организација овозможува поефикасно
секторско организирање, посилно застапување на интересите на компаниите и
дополнително јакнење на коморскиот систем.

Приклучувањето на новите комори е уште една потврда дека сè поголем број
компании и професионални здруженија го препознаваат Сојузот на стопански
комори на Македонија како кредибилен партнер и силен застапник на
интересите на бизнис-заедницата. Во услови на динамични економски промени,
обединувањето на компаниите во рамки на силен коморски систем е од особено
значење за креирање заеднички иницијативи, унапредување на деловната клима
и поефикасен институционален дијалог“, изјави претседателот на ССКМ, Горан
Горгиевски.

Во овој момент, во состав на ССКМ функционираат следните комори: Агро бизнис
комора; ИКТ комора; Комора на сметководители, финансии и даночни советници;
Туристичко-угостителска комора; Услужна комора; ЕНЕРГОКОМ – Стопанска
комора на компании од енергетиката; Комора на интегрирано приватно
здравство; Комора за трговија и дистрибуција; Комора за индустрија и развој; и
Комора за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент.

Во рамки на Сојузот активно функционираат и трите групации: Групација за
проекти; Групација за игри на срек а; и Групација за стартапи.

Преку својата работа, групациите придонесуваат за развој на нови иницијативи,
поттикнување на иновациите и поефикасно застапување на специфичните
интереси на компаниите.

Во ССКМ сметаат дека новата организациска поставеност к е овозможи уште
посилно поврзување на компаниите од различни сектори, поголема мег усебна
соработка, размена на знаење и искуства, како и поефикасно заедничко
застапување на интересите на стопанството во земјата и на интернационалните
пазари.

ССКМ останува посветен на градење современ, силен и обединет коморски
систем, кој к е биде двигател на конкурентноста, на дигиталната и на зеленат
транзиција, посветен кон развојот на претприемништвото и создавањето
попредвидлива и поатрактивна деловна средина за македонските компании.