
Промотивниот филм „So Turkish, Go Turkish“ и мини-сериите „Antalya Gambit“ и „İstanbul My Love“, реализирани во рамки на платформата GoTürkiye, освоија престижни признанија на US International Awards 2026, еден од водечките светски натпревари за најдобри достигнувања во областа на креативните комуникации, корпоративната видео-продукција, онлајн медиумите, документарниот и независниот филм. Наградите се значајно меѓународно признание за Агенцијата за промоција и развој на туризмот на Туркије, ТГА, која преку платформата GoTürkiye, промоцијата на туристичките дестинации ја темели на оригинални филмски приказни, наместо на традиционални туристички кампањи. Инспирирани од глобалниот успех на турските телевизиски серии, овие продукции ги претставуваат културното наследство, природните убавини и современиот начин на живот преку кинематографски наративи што допираат до публика ширум светот.
Најголемиот успех го постигна промотивниот филм „So Turkish, Go Turkish“, кој ја освои Сребрената награда во категоријата за најдобра промотивна видеопродукција за промоција на држава. Со оглед дека годинава во оваа категорија не беше доделена Златна награда, филмот всушност го доби највисокото признание. Тој е заедничка продукција на ТГА и Turkish Airlines, доловувајќи ги најпознатите симболи на Туркије преку впечатлива визуелна приказна. Во него се претставени културното наследство, природните пејзажи, автентичниот дух на земјата, величествената Аја Софија, познатите летови со балони над Кападокија, како и долгите егејски вечери на Босфорот.

Успех на годинашните US International Awards забележаа и мини-сериите на GoTürkiye. „Antalya Gambit“ ја освои Сребрената награда во категоријата за промоција на град преку онлајн и социјални медиуми, додека „İstanbul My Love“ беше наградена со признанието Finalist Award во истата категорија. „Antalya Gambit“ е кинематографска мини-серија што комбинира драмска приказна, неизвесност и визуелна естетика. Низ десет кратки епизоди, гледачите ја следат приказната за кураторката Лара и мистериозниот архитект Дениз, а градот е претставен преку луксузните туристички комплекси, античките локалитети, медитеранската гастрономија и урбаната атмосфера. Во мини-серијата „İstanbul My Love“, пак, во центарот на наративот се младата жена Истанбул и успешниот бизнисмен Тан, кои низ романтична приказна ја бараат вистинската љубов во еден од најживописните градови во светот. Во секоја епизода се прикажани Палатата Чираган, Галатапорт, Босфорот, како и Бејоглу, со што промоцијата се претвора во автентично филмско доживување.

Мини-сериите на GoTürkiye се дел од пошироката стратегија на ТГА за современа туристичка промоција преку оригинални дигитални содржини со висок продукциски квалитет, кои, наместо класични рекламни спотови, ги доближуваат особеностите на Туркије до глобалната публика на автентичен и привлечен начин. Со петте претходно реализирани мини-серии, платформата GoTürkiye има остварено повеќе од 7,69 милијарди рекламни импресии и 4,4 милијарди прегледи на меѓународните дигитални платформи, а неодамна беше претставена и шестата мини-серија, „Turquoise Summer“.
