Skip to main content
Економија

Мазутот бил со соодветен квалитет, РКМ им заштедило на граѓаните милиони кои би ги платиле со повисоки сметки за струја!

25/07/2026  17:52

Мазутот кој компанијата РКМ го испорачала на ТЕЦ Неготино е со соодветен квалитет, не предизвикувал загадување на воздухот и околината, а дополнително ѝ заштедил милиони евра на државата, а граѓаните се спасиле од повисоки сметки за струја во текот на енергетската криза, покажуваат податоци од Вештачење нарачано од тогашниот директор на ТЕЦ Неготино, направено во 2024 година.

Во вештачењето се анализира дали постои економска оправданост за пуштање на ТЕЦ Неготино во тој период, а истото покажува дека работењето на ТЕЦ Неготино било оправдано, бидејќи купување на струја од унгарската берза, наместо купување на мазут за сопствено производство ќе чинело многу повеќе.

„Според посочените извадоци, Владата на РСМ донела одлука за активирање на ТЕЦ Неготино за времено дополнително производство на електрична енергија (ЕЕ) во услови на енергетска криза. За реализација на ова, Владата дала согласност за склучување на договор за деловно-техничка соработка помеѓу АД ЕСМ и АД ТЕЦ Неготино (во тоа време посебно правно лице, денес подружница на АД ЕСМ). Со оглед на општата состојба на пазарот на електрична енергија во цела Европа од средината на 2021 година, кога настанува енергетска криза предизивикана од недостаток на електрична енергија и следствено и значителен раст на цените на ЕЕ, пуштањето во работа на ТЕЦ Неготино била оправдана одлука, земајќи предвид дека очекуваната цена на ЕЕ произведена во ТЕЦ Неготино била пониска од цените на ЕЕ на унгарската берза HUPX, кои во тој период се сметаат како референтни за Македонија.“ – стои во вештачењето.

Во наодот, има месечни табели за произведена и потрошена енергија, како и за примен и потрошен мазут за 2022 и 2023 година, како и годишен вкупен приказ на податоците. Редовно е водена евиденција за прием и потрошувачка на мазутот, а од податоците може да се заклучи дека динамиката на испорака од страна на РКМ била согласно склучените договори.
ТЕЦ Неготино е термо-електрична централа чија изградба започнала во 1975 година, а по завршување на изградбата на првата етапа од термолектраната, пуштена е во работа во 1978 година, со максимална трајна моќност од 210 MW. Термоелектраната работи со основно гориво мазут и може да работи со еден или со два котли (со половина или со целосен капацитет).

Од 2009 година, ТЕЦ Неготино била ладна резерва во електроенергетскиот систем на Македонија, се до нејзиното пуштање во работа во декември 2021 година.

Во предметниот период од декември 2021 до април 2023 година, ТЕЦ Неготино работела или со еден котел, со просечна моќност во опсег од 75 до 90 MW, или со два котли со просечна моќност во опсег од 155 до 175 MW, а имало периоди и кога не работела, што е уредно документирано со целосна документација (налози) за пуштање/прекинување на нејзината работа, достапни во доставената документација. Според податоците за производство на електрична енергија во ТЕЦ Неготино, термоелектранта во предметниот период работела како што е опишано во табелата подолу.“ и следува табела по месеци за периодот 2021-2023 година.

Вештачењето покажува дека со купување на мазутот и домашно производство на електрична енергија, се заштедени милиони евра, кои доколку би се купувала струја од унгарската перза, би ги плаќале граѓаните со повисоки сметки за струја.

„Покрај месечниот преглед за сите месеци од предметниот период, на крај, прикажана е вкупната вредност на ЕЕ произведена во ТЕЦ Неготино и предадена на мрежа (која ориентационо изразена во евра изнесува 155,407 милиони евра) и ориентационата вредност на ЕЕ кога истите количини би се набавиле на унгарската берза HUPX (без да се земат предвид дополнителните трошоци за пренос и увоз на ЕЕ во Македонија), која изнесува 167,550 милиони евра и е повисока од вредноста на ЕЕ произведена во ТЕЦ Неготино. Според ова, разликата помеѓу двете вредности е 12,143 милиони евра, што покажува дека работењето на ТЕЦ Неготино може да се смета дека било економски оправдано. Оваа разлика би била уште поголема ако се земе предвид дека цената на увезената ЕЕ во Македонија би била повисока од цените на унгарската берза поради Дополнителните трошоци.“

Мислењето на вештото лице е дека мазутот бил со соодветен квалитет:

Мазутот кој се користел бил со релативно добар квалитет за да овозможи производство на електрична енергија според очекуваните вредности за потрошувачка на мазут во ТЕЦ Неготино. Како дополнителен аргумент за квалитетот на мазутот, може да се наведат и Лабораториските извештаи за мерења на емисии на загадувачки материи во воздухот (седум на број), вршени во ТЕЦ Неготино во предметниот период кога работела ТЕЦ Неготино, каде што се констатира дека „концентрацијата на чадни гасови од котлите не ги надминува граничните вредности пропишани со Правилникот…“
Во врска со прашањето: „Дали имало економска оправданост за активирање на ТЕЦ Неготино и каков е заклучокот при споредба на производната цена на електричната енергија произведена во ТЕЦ Неготино со цените на унгарската берза HUPX?” ?”, во точката 4 од Вештиот наод е даден преглед и направена е споредбена анализа за секој месец од предметниот период декември 2021- април 2023 година. Покрај месечниот преглед за сите месеци од предметниот период, на крај, прикажана е вкупната вредност на електричната енергија произведена во ТЕЦ Неготино и предадена на мрежа (која ориентационо е изразена во евра изнесува 155,407 милиони кога истите количини би се набавиле на те трошоци за пренос и увоз на ЕЕ евра) и ориентационата вредност на електричната енергија кога истите количини би се набавиле на унгарската берза HUPX (без да се земат предвид дополнителните во Македонија), која изнесува 167,550 милиони евра и е повисока од вредноста на ЕЕ произведена во ТЕЦ Неготино. Според ова, разликата помеѓу двете вредности ти е 12,143 милиони евра, што покажува дека работењето на ТЕЦ Неготино може да ce смета дека било економски оправдано. Оваа разлика би била уште поголема ако се земе предвид предвид дека цената на увезената ЕЕ во Македонија би била повисока од цените на унгарската берза поради дополнителните трошоци.“

И додека предметот уште е во Вишото Јавно обвинителство, кое треба да одлучи по одлуката на ОЈО ГОКК за запирање на истрагата поради недостаток на докази, ЕСМ практично измислува штета која не постои за да вложи жалба на одлуката на обвинителката Коларевиќ. Од вештиот наод јасно се гледа дека економска штета нема, напротив и државата и граѓаните заштедиле поради домашното производство на струја, а дополнително немало никакво загадување на воздухот во периодот кој е под истрага.

Нејасно е на што се жали ЕСМ кога нивни претставници во изјави во ОЈО ГОКК наведуваат дека „им симнуваат капа на РКМ“ за експедитивноста и доставата на мазутот.