Skip to main content
Скопје

Набљудување на Месечината од плоштадот „Македонија“, организира Скопското астрономско друштво

25/07/2026  13:21

Скопското астрономско друштво вечер организира јавно астрономско набљудување на Плоштад Македонија.

Од 19:30 до 22:00 часот, во близина на фонтаната, ќе бидат поставени телескопите на друштвото преку кои ќе може да се видат кратерите на Месечината.

– Дојдете со вашите пријатели или со семејството и искористете ја можноста одблизу да ги погледнете кратерите на Месечината низ нашите телескопи. Членовите на друштвото ќе бидат присутни за да одговорат на вашите прашања и да ве запознаат со интересни факти за ноќното небо, стои во објавата на Скопското астрономско друштво.