
Во полициска акција спроведена денеска во Скопје, запленети се пет килограми наркотична дрога марихуана, а лишени од слобода се две лица – татко и син.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по наредба на Основниот кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом и други простории што ги користел С.Љ. (51) од Скопје.
При претресот биле пронајдени пет килограми марихуана, како и дигитална вага со остатоци од наркотичната дрога.
По преземените мерки, С.Љ. и неговиот син Б.Љ. (19) биле лишени од слобода. По целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по итна постапка.

