
Соопптение за јавност на ДУИ:
Јавното признание на претставниците на ВЛЕН дека се „страшно слаби“ во Владата не е оправдување, туку доказ за целосен политички неуспех. Во време кога регионот оди напред, Северна Македонија останува сè поизолирана, додека политичката и институционалната положба на Албанците се деградира од ден на ден.
Застапеноста се намалува, албанскиот јазик се исклучува, институциите се затвораат за Албанците, а постигнувањата градени со години се доведуваат во прашање. ВЛЕН не може својата неспособност да ја оправдува со силата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните имаат право да прашаат: ако сте толку слаби, зошто останувате во Владата и кому му служи вашето учество?
Истовремено, јавноста бара сериозни одговори за сè почестите обвинувања дека економското влијание, бизнисите и јавните зделки во Скопје и пошироко се концентрираат околу тесниот семеен и политички круг на Изет Меџити. Овие сомнежи мора да добијат транспарентен и институционален одговор.
Комбинацијата од политичка немоќ, деградација на положбата на Албанците и сомнежи за приватни интереси е аларм што треба да го мобилизира секој граѓанин. На Албанците не им се потребни претставници кои јавно ја признаваат сопствената немоќ. Им е потребно претставување што ќе ги брани нивните политички интереси, достоинство и еднаквост.
