Skip to main content
Свет

Воен хеликоптер со пет војници се урна на истокот од Чешка

23/07/2026  15:20

Воен хеликоптер на чешката армија со пет припадници на вооружените сили денеска се урна на истокот од Чешка, соопшти војската на социјалната мрежа Икс.

Во соопштението се наведува дека службите за итни случаи се на местото на несреќата во воената база во градот Намешт, над Ославоу, на околу 180 километри југоисточно од Прага.

Досега не се објавени информации за причината за несреќата или за состојбата на луѓето што биле во хеликоптерот.