
21-годишна жена од Гостивар пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг, по претходна семејна расправија, без нејзина согласност го зел нивното 10-месечно бебе и го одвел во Швајцарија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 08:10 часот во Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Ш.А. (21) навела дека во семејниот дом претходно имала расправија со сопругот С.А., по што тој противправно и без нејзина согласност го одвел нивното заедничко 10-месечно дете надвор од државата, односно во Швајцарија.
Засега не се соопштуваат повеќе информации за начинот на кој таткото ја напуштил земјата со бебето, ниту дали детето поседувало патна исправа и потребна документација за преминување на границата.
За случајот се известени надлежните институции, како и Центарот за социјални работи во Гостивар.
Полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со одведувањето на детето.


