Skip to main content
Скопје

„Марија Кири – Склодовска“ стана првото државно средно училиште во Скопје

03/07/2026  09:00

Средното училиште „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје и официјално станува првото државно средно училиште во главниот град, откако Владата донесе одлука за преземање на основачките права врз училиштето. Досега училиштето беше под надлежност на Град Скопје, но со новата одлука се издвојува од системот на градски средни училишта и прераснува во Државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука.

По повод одлуката, директорот на училиштети Даре Спасев на својот Фејсбук профил оцени дека станува збор за историски момент за училиштето, кој отвора нови можности за учениците, наставниците и целата заедница.

Во Скопје функционираат повеќе средни училишта под надлежност на Град Скопје, меѓу кои гимназиите „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Зеф Љуш Марку“, како и повеќе стручни училишта, но „Марија Кири – Склодовска“ е првото кое добива статус на државно средно училиште и излегува од надлежност на Градот.

„Ова е доказ дека со визија, заедничка работа и вложување во образованието се создаваат услови за подобра и посигурна иднина“, напиша Спасев, заблагодарувајќи се на Владата и Министерството за образование и наука за поддршката.