Skip to main content
Хроника

Приведени 15 возачи, 13 возеле без возачка, а двајца под дејство на алкохол

23/06/2026  15:13

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 13 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол. Шест лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Куманово, Неготино и Македонски Брод возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Скопје и Велес управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.