Skip to main content
Македонија

Казни од 250 евра за родители чии деца вршат насилство

15/05/2026  14:30

Се работи на законските измени со кои ќе се предвидуваат санкции за родителите чии деца прават насилни дела, најави денеска министерката за образование Весна Јаневска.

На денешната прес-конференција министерката рече дека со пратениците веќе се работи на дефинирање на законските измени.

„Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Ммислам дека во овој момент се во Собранието за да ги дооформат овие предлози. Веќе е донесена одлука, тие измени ќе се направат и останува глобата од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и тоа што е многу важно – и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции – рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање.

Министерката Јаневска ги најави законските измени пред два дена посочувајќи дека мора да се создаде безбедна училишна средина откога во изминатиот период јавноста е сведок на неколку случаи на врсничко насилство, од кои последниот во основното училиште „25 Мај“ во Ченто кога со остар предмет беше повреден 15-годишен ученик.