Skip to main content
Свет

Мелони: Европа мора да се договори за единствен претставник во преговорите за Украина

05/11/2026  22:03

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска предупреди дека Европа ризикува да го изгуби своето значење во евентуалните мировни преговори за Украина доколку не ги прекине конкурентските дипломатски иницијативи и не се договори за единствен претставник овластен да зборува во нејзино име.

Во писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мелони наведе дека предлагањето различни преговарачки формати ја прави Европа помалку кредибилна и создава впечаток дека таа дејствува „по случаен принцип“.

Италијанската премиерка истакна дека таа лично не бара место за себе или за Италија на преговарачката маса, но нагласи дека Рим нема да прифати обврски договорени без мандат од Европската Унија.

Таа ги повика лидерите на ЕУ да одлучат кој ќе го претставува блокот во преговорите и каков мандат ќе добие тој претставник.

Мелони побара ова прашање да биде разгледано на неформалниот состанок на Европскиот совет во Даблин следната недела, а официјална одлука да биде донесена на декемврискиот самит, по координацијата со Велика Британија, Норвешка и другите европски партнер.