Skip to main content
Балкан

Околу 18 рудари од „Трепча“ се заглавени под земја

14/05/2026  13:21

Околу 18 рудари се блокирани во рудникот „Трепча“ во северниот дел на Косово.

Претседателот на синдикатот на рударите Ибрахим Јонизи изјави дека претходно во рудникот биле заглавени 40 луѓе, но еден дел од нив успеал да излезе над земја. Тој додаде дека состојбата на заглавените рудари е добра.

– Одржуваме контакт со нив, но колку повеќе време поминуваат внатре, толку потешка станува ситуацијата. Тие треба да бидат снабдени со храна и вода, бидејќи нивните резерви се исцрпуваат, наведе Јонузи.

Тој не прецизира зошто рударите се заглавени под земја, додека според косовските медиуми тие се блокирани поради дефект на главна трафостаница.