
Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија останува под влијание на посвежа воздушна маса која се спушта од северозапад. Денес и утре (Четврток и Петок 14/15 Мај 2026) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд.
Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И во делови од Скопската котлина во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Денес Четврток 14 Мај 2026 ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец а утре Петок 15 Мај 2026 ќе дува умерен а повремено и засилен ветер од југозападен правец.
Што се однесува до температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 13 степени а максималните дневни остануваат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени. Во Скопје и околината наутро температрурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 7 и 10 степени а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 26 степени.

